За најнови ажурирања на оваа датотека „прочитај ме“, погледајте на http://www.openoffice.org/welcome/readme.html
Почитувани корисници!
Оваа датотека содржи важни информации за програмава. Прочитајте ги многу внимателно пред да започнете со работа.
Заедницата на ОпенОфис.орг (OpenOffice.org), којашто е задолжена за развојот на овој производ, би сакала да ве покани да учествувате во неа како член. Како нов корисник, Ви препорачуваме да ја погледнете веб-страница за OpenOffice.org, која ви нуди корисни информации, на адресата
http://www.openoffice.org/about_us/introduction.html
Исто така прочитајте ги деловите на текстов наведени подолу за начините како да се вклучите во проектот ОпенОфис.орг.
OpenOffice.org е слободна за користење за секого. Можете да ја земете оваа копија на OpenOffice.org и да ја инсталирате на колку што сакате компјутери и да ја користите за било која намена што ја сакате (вклучително и комерцијална, владина, јавна администрација и образовна намена). За повеќе детали видете го текстот на лиценцата кој доаѓа заедно со OpenOffice.org илиhttp://www.openoffice.org/license.html
Можете денес да ја користите оваа копија на OpenOffice.org бесплатно, бидејќи индивидуалните придонесувачи и корпоративните спонзори го дизајнирале, развиле, тестирале, превеле, документирале, давале поддржка, рекламирале, и помогнале на многу други начини за да го направат OpenOffice.org она што е денес - најголем светски канцелариски софтвер со отворен код.Ако ги цените нивните напори и сакате да обезбедите OpenOffice.org да продолжи да постои и во иднина, ве молиме размислете за придонесување кон проектот - видете гоhttp://contributing.openoffice.org за детали. Секој може да даде придонес.
Системски побарувања:
Постојат голем број на Линукс дистрибуции па дури и во една иста дистрибуција може да има различни опции за инсталација (KDE наспроти Gnome, итн). Некои дистрибуции доаѓаат со нивна верзија на OpenOffice.org, која може да има различни карактеристики од OpenOffice.org создаден од заедницата. Понекогаш можете да ја инсталирате верзијата на OpenOffice.org создадена од заедницата паралелно со верзијата на дистрибуцијата. Меѓутоа, обично е побезбедно да ја отстраните верзијата на дистрибуцијата пред да ја инсталирате верзијата на заедницата. Конслутирајте ја документацијата на вашата дистрибуција за детали како да го направите ова.
Препорачливо е секогаш да направите сигурносна копија на вашиот систем, пред да отстраните или инсталирате софтвер.
Ако имате проблеми при пуштање на OpenOffice.org (особено додека користите Гном), „поништете“ ја променливата на околина SESSION_MANAGER во школката што ја користите за пуштање на OpenOffice.org. Ова може да се направи преку додавање на линијата „unset SESSION_MANAGER“ на почетокот на скриптата за школка soffice во папката „[папка_на_офис]/program“.
Проблеми при стартување на OpenOffice.org (пр. заглавување на апликацијата) како и проблеми со приказот на екранот, често се предизвикани од драјверот на графичката картичка. Ако се случуваат овие проблеми, ве молиме ажурирајте го драјверот за графичката карта или пробајте да го користите драјверот што доаѓа со вашиот оперативен систем. Тешкотии во прикажување на 3Д објекти можат често да се решат со деактивирање на опцијата "Користи OpenGL" во 'Алатки - Опции - OpenOffice.org - Приказ - 3Д преглед'.
Забележете дека копирањето и вметнувањето преку таблата со исечоци на OpenOffice.org 1.x и 3.0 може да не работи во форматот ОпенОфис.орг. Ако се случи тоа, изберете „Уреди - Вметни специјално“ и изберете формат поинаков од OpenOffice.org или отворете го документот директно во OpenOffice.org 3.0.
Обезбедете доволно слободна меморија во привремената папка на вашиот систем и обезбедете доделени права за пристап за читање, запишување и извршување. Затворете ги сите програми пред да започнете со инсталацијата.
Како кратенки на тастатура (комбинации на копчиња) во OpenOffice.org може да се користат само оние што не ги користи оперативниот систем. Ако комбинацијата на тастери во OpenOffice.org не работи како што е опишано во помошта, проверете дали таа кратенка не е веќе во употреба од оперативниот систем. За разрешување на такви конфликти, може да ги промените тастерите доделени од вашиот оперативен систем. Или, може да ги промените скоро сите комбинации на распоредот на тастери во OpenOffice.org. За повеќе информации на оваа тема, видете ја помошта на OpenOffice.org или помошта на вашиот оперативен систем.
Заради конфликт со влезниот метод на префрлање меѓу повеќе платформи, следниве кратенки на тастатурата мораа да бидат променети во последен момент:
Во стандардната конфигурација на OpenOffice.org, заклучувањето на датотеки е активирано. За да се деактивира, поставете ги соодветните променливи на околина SAL_ENABLE_FILE_LOCKING=0 и направете export SAL_ENABLE_FILE_LOCKING. Овие елементи се веќе во активирана форма во скриптата soffice.
Предупредување: Активираната можност за заклучување на датотеки може да предизвика проблеми кога Соларис 2.5.1 и 2.7 се користат заедно со Линукс NFS 2.0. Ако ги има вашата системска околина овие параметри, Ви препорачуваме да избегнувате користење на заклучувањето на датотеки. Во спротивно, OpenOffice.org ќе заглавува кога на компјутер со Линукс ќе се обидете да отворите датотека од папка на NFS-партиција.
За информации за карактеристиките за пристапност во OpenOffice.org, видетеhttp://www.openoffice.org/access/.
Ве молиме, одвојте малку време за да го комплетирате минималниот рпоцес на регистрација на производот, кога го инсталирате софтверот. Иако регистрацијата е по слободна волја, ве охрабруваме да се регистрирате, бидејќи информациите и овозможуваат на заедницата да направи уште подобар софтверски пакет и да ги адресира директно корисничките потреби. Преку нејзината Полиса за приватност, заедницата на OpenOffice.org ги презема сите мерки за да ги заштити вашите лични податоци. Ако сте ја пропуштиле регистрацијата при инсталирањето, можете да се вратите и да се регистрирате во било кое време со избирање на „Помош > Регистрација“ од главното мени.
Постои и кориснички преглед лоциран на интернет кој што ве охрабруваме да го пополните. Податоците од овој преглед ќе му помогне на OpenOffice.org рапидно да поставува нови стандарди за создавање на канцелариски пакет од следната генерација. Низ нејзината Полиса за приватност, заедницата на OpenOffice.org ги презема сите мерки да ги заштити вашите лични податоци.
Главната страница за поддршка http://support.openoffice.org/ви нуди различни можности да ви помогне околу OpenOffice.org. Вашите прашања може веќе да се одговорени - проверете го форумот на заедницата.http://user.services.openoffice.org или пребарајте ги архивите на поштенската листа „users@openoffice.org“ на http://www.openoffice.org/mail_list.html. Алтернативно, можете да ги испратите вашите прашања на users@openoffice.org. Како да се претплатите на листата (за да добиете одговор по е-пошта) е објаснето на оваа страница: http://wiki.services.openoffice.org/wiki/Website/Content/help/mailinglists.
Исто така, погледнете го одделот за ЧПП на http://wiki.services.openoffice.org/wiki/Documentation/FAQ.
Веб страницата на OpenOffice.org ја хостира IssueZilla, или механизам за известување, следење и решавање на грешки и проблеми. Ги охрабруваме сите корисници да се чуствуваат овластени и добродојдени да известуваат за проблеми кои можат да се појават на вашата платформа. Енергичното известување за проблеми, е еден од најзначајните начини на придонесување кое корисничката заедница може да го направи за тековниот развој и подобрување на пакетот.
Заедницата на OpenOffice.org ќе има многу корист од вашето активно учество во развојот на овој значаен проект со отворен код.
Како корисник, вие сте веќе важен дел од процесот на развој на пакетот и би сакале да ве поттикнеме да преземете уште поактивна улога со намера да станете долгорочен активен член на заедницата. Ве молиме да ни се придружите и да ја посетите нашата страница за корисници на адресата: http://mk.openoffice.org
Најдобар начин за да започнете со придонесување е да се приклучите на една или на повеќе поштенски листи, извесен период да ги следите разговорите и постепено да ги користите архивите на е-пошта за да се запознаете со многуте теми што биле дискутирани од објавувањето на изворниот код на OpenOffice.org во октомври 2000 г. Кога ќе почнете да се чувствувате удобно, се што треба да направите е да пратите е-порака со која ќе се претставите и да се придружите на дискусиите. Ако сте запознаени со проекти со отворен код, погледнете ги листите на идни задачи за да видите дали може да помогнете во нешто. Тие се наоѓаат на http://development.openoffice.org/todo.html.
Овде се наоѓаат неколку поштенски листи, поврзани со проектот, на кои може да се пријавите http://www.openoffice.org/mail_list.html
Може да дадете голем придонес за овој важен проект со отворен код дури и ако вашите искуства од дизајн на софтвер или програмирање се ограничени. Да, вие!
На http://projects.openoffice.org/index.html ќе најдете низа на проекти, од Локализација, Пренесување и Групна соработка, до некои вистински проекти за програмирање на јадрото. Ако не развивате софтвер, може да ви одговараат проектите Документација или Маркетинг. Проектот за маркетинг на ОпенОфис.орг применува и герилски и традиционални комерцијални техники за маркетинг на софтвер со отворен код, и тоа со надминување на јазичните и културните бариери, така што може да помогнете и само со ширење на пораката и кажување на пријател/и за овој канцелариски пакет.
Може да помогнете со тоа што ќе се придружите на Мрежата за маркетиншки комуникации и информации преку http://marketing.openoffice.org/contacts.html, каде што може да обезбедите точки за контакт со печатот, медиумите, владини агенции, консултанти, училишта, групи со корисници на Линукс и со развивачи на софтвер во вашата земја и локалната заедница.
Се надеваме дека ќе уживате во работата со новиот OpenOffice.org 3.0 и дека ќе ни се придружите на Интернет.
Заедница на OpenOffice.org
Делови од кодот се со авторски права на Џејмс Кларк, регистрирани 1988, 1999 г. и на корпорацијата Netscape Communications, регистрирани 1996, 1998.