Добредојдовте

Последно ажурирање на $Date: 2006/05/16 12:51:47 $

Датотека „Прочитај ме“ на ОпенОфис.орг 2.0 (OpenOffice.org 2.0)

За најнови ажурирања на оваа датотека „прочитај ме“, погледајте на http://www.openoffice.org/welcome/readme.html

Почитувани корисници!

Оваа датотека содржи важни информации за програмава. Прочитајте ги многу внимателно пред да започнете со работа.

Заедницата на ОпенОфис.орг (OpenOffice.org), којашто е задолжена за развојот на овој производ, би сакала да ве покани да учествувате во неа како член. Како нов корисник, Ви препорачуваме да ја погледнете нашата веб-страница, која ви нуди корисни информации, на адресата

http://www.openoffice.org/about_us/introduction.html

Исто така прочитајте ги деловите на текстов наведени подолу за начините како да се вклучите во проектот ОпенОфис.орг.

Забелешки за инсталацијата

Системски побарувања:

Потешкотиите при активирањето на ОпенОфис.орг (на пр. заглавување на апликации), како и проблемите со приказот на екранот често се предизвикани од управувачот на графичката картичка. Во таков случај, ажурирајте го управувачот на графичката картичка или обидете се да го користите оној што е испорачан со вашиот оперативен систем. Потешкотиите при приказ на 3Д-објекти често може да се решат преку деактивирање на опцијата „Користи OpenGL“ под „Алатки - Опции - Преглед - 3Д преглед“.

Може да го инсталирате ОпенОфис.орг 2.0 покрај постара верзија на ОпенОфис.орг. Ако подоцна изберете да ја одинсталирате постарата верзија на ОпенОфис.орг, ќе мора да ја активирате и програмата за инсталација на поновата верзија и да одберете „Поправи“. Ова обезбедува новата верзија да биде соодветно регистрирана на вашиот систем.
Забележете дека копирањето и вметнувањето преку таблата со исечоци на ОпенОфис.орг 1.x и ОпенОфис 2.0 може да не работи во форматот ОпенОфис.орг. Ако се случи тоа, изберете „Уреди - Вметни специјално“ и изберете формат поинаков од ОпенОфис.орг или отворете го документот директно во ОпенОфис.орг 2.0.

Обезбедете доволно слободна меморија во привремената папка на вашиот систем и обезбедете доделени права за пристап за читање, запишување и извршување. Затворете ги сите програми пред да започнете со инсталацијата.

Проблеми при пуштање на програмата на Гном

Ако имате проблеми при пуштање на ОпенОфис.орг (особено додека користите Гном), „поништете“ ја променливата на околина SESSION_MANAGER во школката што ја користите за пуштање на ОпенОфис.орг. Ова може да се направи преку додавање на линијата „unset SESSION_MANAGER“ на почетокот на скриптата за школка soffice во папката „[папка_на_офис]/program“.

Промена на фонтот на корисничкиот интерфејс

Во ОпенОфис.орг може да го промените фонтот што се користи за приказ на екранот и за печатење со негово заменување со друг фонт инсталиран на вашиот систем. Ова може да се направи со користење на функцијата за замена на фонт. Одберете „Алатки - Опции - ОпенОфис.орг - Фонтови“ за да пристапите на табелата за замена на фонтови.

За да го смените фонтот на интерфејсот на ОпенОфис.орг, треба да го замените стандардниот фонт „Andale Sans UI“ со друг фонт и да го означите поставувањето „Секогаш“ за оваа замена.

Погледнете ја помошта на ОпенОфис.орг за детално објаснување на овој дијалог.

Копчиња за кратенки

Како копчиња за кратенки (комбинации на копчиња) во ОпенОфис.орг може да се користат само оние што не ги користи оперативниот систем. Ако комбинацијата на копчиња во ОпенОфис.орг не работи како што е опишано во помошта, проверете дали таа кратенка не е веќе во употреба од оперативниот систем. За разрешување на такви конфликти, може да ги промените копчињата доделени од вашиот оперативен систем. Или, може да ги промените скоро сите комбинации на распоредот на копчиња во ОпенОфис.орг. За повеќе информации на оваа тема, видете ја помошта на ОпенОфис.орг или помошта на вашиот оперативен систем.

Заклучување на датотеки

Во стандардната конфигурација на ОпенОфис.орг, заклучувањето на датотеки е активирано. За да се деактивира, поставете ги соодветните променливи на околина SAL_ENABLE_FILE_LOCKING=0 и направете export SAL_ENABLE_FILE_LOCKING. Овие елементи се веќе во активирана форма во скриптата soffice.

Предупредување: Активираната можност за заклучување на датотеки може да предизвика проблеми кога Соларис 2.5.1 и 2.7 се користат заедно со Линукс NFS 2.0. Ако ги има вашата системска околина овие параметри, Ви препорачуваме да избегнувате користење на заклучувањето на датотеки. Во спротивно, ОпенОфис.орг ќе заглавува кога на компјутер со Линукс ќе се обидете да отворите датотека од папка на NFS-партиција.

Користен / модифициран изворен код

Делови од кодот се со авторски права на Џејмс Кларк, регистрирани 1988, 1999 г. и на корпорацијата Netscape Communications, регистрирани 1996, 1998.

Како да се вклучите

Заедницата на ОпенОфис.орг ќе има голема полза од вашето активно учество во развојот на овој важен проект со отворен код.

Како корисник, вие сте веќе важен дел од процесот на развој на пакетот и би сакале да ве поттикнеме да преземете уште поактивна улога со намера да станете долгорочен активен член на заедницата. Ве молиме да ни се придружите и да ја посетите нашата страница за корисници на адресата: http://mk.openoffice.org

Регистрација

Одвојте малку време за да го извршите минималниот процес на регистрација на производот кога ќе го инсталирате софтверот. Иако регистрацијата не е задолжителна, ве поттикнуваме да се регистрирате, бидејќи така добиените информации овозможуваат заедницата да направи уште подобар софтверски пакет и директно да обрне внимание на потребите на корисниците. Преку својата политика за приватност, заедницата на ОпенОфис.орг ги презема сите мерки за заштита на вашите лични податоци. Доколку пропуштивте да се регистрирате при инсталирањето, може да се вратите и да се регистрирате во кое било време на http://www.openoffice.org/welcome/registration20.html

Анкета за корисниците

На Интернет е поставена и анкета за корисниците, која ја препорачуваме да ја пополните. Оваа анкета ќе ни помогне ОпенОфис.орг побргу да се движи во насока на поставување нови стандарди за создавање на следната генерација на канцелариски софтвер. Преку својата политика за приватност, заедницата на ОпенОфис.орг ги презема сите мерки за заштита на вашите лични податоци.

Пријавете бубачки и проблеми

Веб-страницата на ОпенОфис.орг го содржи IssueZilla, нашиот механизам за известување, следење и решавање на бубачки и проблеми. Ги поттикнуваме сите корисници без задршка да ги пријавуваат сите проблеми што се појавуваат на вашата специфична платформа. Енергичното известување за проблемите е една од најважните придобивки од заедницата на корисници, коешто придонесува за развојот и подобрувањето на програмскиот пакет.

Пријавување на поштенски листи

Овде се наоѓаат неколку поштенски листи, поврзани со проектот, на кои може да се пријавите http://www.openoffice.org/mail_list.html

Придружете се на еден или повеќе проекти

Може да дадете голем придонес за овој важен проект со отворен код дури и ако вашите искуства од дизајн на софтвер или програмирање се ограничени. Да, вие!

На http://projects.openoffice.org/index.html ќе најдете низа на проекти, од Локализација, Пренесување и Групна соработка, до некои вистински проекти за програмирање на јадрото. Ако не развивате софтвер, може да ви одговараат проектите Документација или Маркетинг. Проектот за маркетинг на ОпенОфис.орг применува и герилски и традиционални комерцијални техники за маркетинг на софтвер со отворен код, и тоа со надминување на јазичните и културните бариери, така што може да помогнете и само со ширење на пораката и кажување на пријател/и за овој канцелариски пакет.

Може да помогнете со тоа што ќе се придружите на Мрежата за маркетиншки комуникации и информации преку http://marketing.openoffice.org/contacts.html, каде што може да обезбедите точки за контакт со печатот, медиумите, владини агенции, консултанти, училишта, групи со корисници на Линукс и со развивачи на софтвер во вашата земја и локалната заедница.

Поддршка за корисници

За помош во врска со канцеларискиот пакет ОпенОфис.орг 2.0, погледнете ги архивите за да ги најдете веќе одговорените прашања на поштенската листа „users@openoffice.org“ на адресата http://www.openoffice.org/mail_list.html. Алтернативно, може да ги пратите вашите прашања на users@openoffice.org. Не пропуштајте да се запишете на поштенската листа за да добиете одговор по е-пошта.

Исто така, погледнете го одделот за ЧПП на http://user-faq.openoffice.org/.

Како да се започне

Најдобар начин за да започнете со придонесување е да се приклучите на една или на повеќе поштенски листи, извесен период да ги следите разговорите и постепено да ги користите архивите на е-пошта за да се запознаете со многуте теми што биле дискутирани од објавувањето на изворниот код на ОпенОфис.орг во октомври 2000 г. Кога ќе почнете да се чувствувате удобно, сѐ што треба да направите е да пратите е-порака со која ќе се претставите и да се придружите на дискусиите. Ако сте запознаени со проекти со отворен код, погледнете ги листите на идни задачи за да видите дали може да помогнете во нешто. Тие се наоѓаат на http://development.openoffice.org/todo.html.

Се надеваме дека ќе уживате во работата со новиот ОпенОфис.орг 2.0 и дека ќе ни се придружите на Интернет.

Заедницата на ОпенОфис.орг