Mandrakelinux Инструкции за инсталација - Mandrakelinux 10.2 Потребна е конфигурација * Pentium процесор или компитабилен * CDROM уред * Најмалку 32 MB RAM, 64 MB препорачано Во повеќето случаеви, инсталирањето на Mandrakelinux е едноставно така што го вметнувате вашето инсталационо CD во CDROM уредот и рестартирање на вашата машина. Ве молиме обратете се на точка 1. ЗАБЕЛЕШКА: * Ако надоградувате од 7.x, 8.x or 9.x Mandrakelinux верзии, не заборавајте да ги заштите вашите податоци. * Надоградбата од постарите верзии (до 7.0) НЕ Е поддржана. Во овој случај, треба да извршите нова инсталација а не надоградба. ============================================================================ Долу се излистани различните начини за инсталација на Mandrakelinux: 1. Подигни директно од CD-то 2. Направи дискета за подигање под Windows 3. Останати методи на инсталација ============================================================================ 1. Подигни директно од CD-то Инсталационото CD автоматски се вклучува. Во повеќето случаеви, само внесете го CD-то во уредот и рестартирајте ја машината. Следете ги инструкциите прикажани на екранот: притиснете го копчето [Ентер] за да започнете со инсталацијата, или притиснете [F1] за додатна помош. ЗАБЕЛЕШКА: На некои лаптопи (преносни компјутери), можеби системот нема да може автоматски да се подигне од CD-то. Во таков случај, треба да направите дискета за подигање. За информации видете точка 2. ============================================================================ 2. Направи дискета за подигање под Windows Ако вашиот компјутер не може автоматски да се подигне од CDROM-от, мора да направите дискета за подигање под Windows како што следи: * внесете го CD-то, потоа отворете го "My Computer", десен клик на CDROM уредот и изберете "Open" * одете до директориумот "dosutils" и двоен-клик на иконата "rawwritewin" * внесете празна дискета во вашата дискетна единица * изберете "D:\images\cdrom.img" во полето "Image Датотека" (претпоставувајќи дека вашиот CDROM уред е "D:", инаку заменете го "D:" со точната буква) * изберете "A:" во полето "Дискетна единица", потоа кликнете на "Запиши". За да започнете со инсталацијата: * внесете го CD-то во уредот, како и дискетата за подигање, потоа * рестартирајте го компјутерот. ============================================================================ 3. Останати методи на инсталација Ако за било која причина претходните методи не се совпаѓаат со вашите потреби (вие сакате да изведите мрежна инсталација, инсталација од pcmcia уреди или ...), исто така треба да направите дискета за подигање: * Под Линукс (или други модерни UNIX системи) напишете во конзолата: $ dd if=xxxxx.img of=/dev/fd0 * Под Windows, следете го методот опишан во точка 2, но со користење на xxxxx.img (видете подолу) наместо cdrom.img. * Под DOS, претпоставувајќи дека вашиот CD уред е D:, напишете: D:\> dosutils\rawrite.exe -f install\images\xxxxx.img -d A Ова е листата на сликите за подигање: +-----------------+------------------------------------------------------+ | cdrom.img | инсталирај од CD-ROM | +-----------------+------------------------------------------------------+ | hd_grub.img | инсталирај од хард диск (од Linux, Windows или | | | ReiserFS датотечен систем) | | | можете да го конфигурирате за вашиот систем на: | | | http://qa.mandrakesoft.com/hd_grub.cgi | +-----------------+------------------------------------------------------+ | network.img | инсталирај од ftp/nfs/http | | | ЗАБЕЛЕШКА: треба да внесете network_drivers.img во | | | вашата дискетна единица кога ќе е потребно | +-----------------+------------------------------------------------------+ | pcmcia.img | инсталирај од pcmcia уреди (предупредување, повеќето | | | pcmcia мрежни адаптери сега се директно поддржани | | | од network.img) | +-----------------+------------------------------------------------------+ Исто така можете да го снимате boot.iso на CD и да подигнете од него. Ги поддржува сите методи на инсталација, cdrom, мрежа и хард-диск. ============================================================================ Исто така можете да користете инсталација во текстуален режим, ако, поради некоја причина, имате проблеми со стандардната графичка инсталација. За да го користите, притиснете [F1] на почетниот екран наMandrakelinux, потоа во конзолата напишете text. Ако треба да го спасите вашиот постоечки Mandrakelinux систем, внесете го вашето инсталационо CD (или релевантно дискета за подигање), притиснете [F1] на почетниот екран на Mandrakelinux, потоа во конзолата напишете rescue. За повеќе технички информации видете http://www.mandrakelinux.com/drakx/README ============================================================================ Долу се главните чекори на инсталацијата: 1. Внесете го вашето инсталационо CD (или инсталациона дискета ако е неопходно) и рестартирајте ја вашата машина. 2. Притиснете [Enter] кога ќе се појави Mandrakelinux добредојде екранот и внимателно следете ги инструкциите. 3. Кога инсталацијата ќе заврши отстранете го CD-то кога ќе се извади (и ако има дискета во уредот); вашата машина ќе се рестартира. Ако тоа не се случи, рестартирајте рачно. 4. Mandrakelinux ќе се подигне. По подигањето, можете да се најавите на вашата машина под корисничкото име кое го подесивте во текот на инсталацијата, или како "root". Важна забелешка: "root" сметката ќе ви дозволи неограничен пристап на вашиот Линукс систем. Не ја користите освен за конфигурација или администрација на Линукс. За секој дневна употреба, користете нормална корисничка сметка која можете да ја конфигурирате со алатката "userdrake", или со следниве команди "adduser" и "passwd". Среќно со Mandrakelinux! ============================================================================ За додатна подршка, видете го следново: * E-Подршка на http://www.mandrakeexpert.com/ * Mandrakelinux грешки на http://www.mandrakelinux.com/en/errata.php3 * Mandrakelinux сигурносни советувања на http://www.mandrakesoft.com/security/advisories * Онлајн документација на http://www.mandrakelinux.com/en/fdoc.php3 * Читајте и придружете се на онлајн дискусионите форуми на Mandrakeclub на http://www.mandrakeclub.com * Зачленете се на поштенските листи на http://www.mandrakelinux.com/en/flists.php3 * Лесно пребарливи архиви на поштенските листи на http://marc.theaimsgroup.com/ * Пребарувајте низ Интернет користејќи го Google за Линукс http://www.google.com/linux * Барајте Usenet групи користејќи го Google групи на http://groups.google.com/groups?group=comp ============================================================================